Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки повторно го прозва министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски за неспособноста во решавањето на големи криминални случаи во државата.
По минатонеделниот грабеж на СВР Охрид кога беа украдени оружје и муниција, утринава од магацин е украдено масло од канабис во вредност од 2 милиони евра, алармира Ковачки.
“Утрово повторно кражба на марихуана, овој пат на масло во вредност од 2 мил. евра во “5 летерс” кај Алданци. *Ако веќе 5 дена го чекаме Спасовски да каже за кражбата на оружјето, бомбите и муницијата во СВР Охрид, може да се претпостави дали и кога ќе го расветли случајов со кражбата на масло од марихуана.”
-соопшти Драган Ковачки- пратеник на ВМРО-ДПМНЕ во Македонскиот парламент.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Одржан онлајн состанок со претставници на Европската комисија за Реформската агенда и Планот за раст
Николоски: Воена болница станува најмодерна во државата, целосно ја реконструиравме болницата “8-ми Септември”
Ристески на Конференцијата за МСП во Будва: Науката и бизнисот мора да имаат поголема соработка, истражувањето е алатка за правење постабилни, попаметни, поконкурентни и позелени бизниси