Денеска претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски заедно со дел од неговите блиски соработници и градоначалникот на општина Гази Баба Боби Стефковски изразија почит на прерано згаснатите животи кај Смилковско Езеро пред 10 години токму пред големиот христијански празник Велигден.
“Поминаа 10 години од петкартното убиство кај Смилковското езеро.
Филип Славковски, Александар Наќевски, Цветанчо Ацковски, Кире Тричковски и Борче Стевковски пред 10 години беа сурово и свирепо убиени пред христијанскиот празник Велигден.
Одадовме почит за рано згаснатите животи на младите момчиња, кои без никаква причина платија со своите животи. Денес засадивме 5 дрвца во двророт на Црквата Св. 40 маченици кај Смилковското езеро за сеќавање на 5-те прерано згаснати животи.
Слава им!”
-соопшти Христијан Мицкоски преку социјалните мрежи.
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Николоски: Брзата пруга станува реален проект. За час и половина ќе се стигнува до Солун
Николоски: Имаме пет клучни проекти во здравството кои ќе ги реализираме благодарение на договорот со Велика Британија, а наша амбиција е и модерен клинички во Скопје
Енергетската заедница го поздрави новиот Закон за енергетика: Значајна пресвртница, Македонија е на пат кон европскиот енергетски пазар