БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Ковачки во врска со барањето да се извини на Еролд Муслиу за грантот од 620 илјади евра: Такви закани можете во Русија, не во НАТО членка

Пренеси го гласот

Денеска добив барање од директорот на АР Еролд Муслиу да сум се извинел затоа што неговата сопруга земала грант од 620.000 евра додека тој е функционер и извршител на СДС и ДУИ.

Наместо да излезе јавно да се извини затоа што неговата сопруга која е магистер на земјоделие добила грант од областа на безбедноста и борбата со тероризмот, што всушност е дејност со која се занимава токму тој како директор, тој уште и ме советува (!) да се извинам.

Вака директоре Еролд Муслиу, не е добро да се заканувате со тужби и да давате совети на пратеници од позиција на директор на Агенција за разузнавање. Такви закани можете во Русија, не во НАТО членка.

-став пренесен преку социјалните мрежи од страна на пратеникот Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ

Креирано од:


Пренеси го гласот