БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

КРАТКОТРАЕН ЛЕТЕН ДОЖД ГО ПАРАЛИЗИРА ПРОИЗВОДСТВОТО ВО РЕК БИТОЛА!

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Интегрален текст на соопштението на Комисиите на ВМРО-ДПМНЕ во врска со состојбата со рудникот за јаглен во РЕК Битола:

на Краткотрајниот пороен дожд кој заврна на 4 јули, повторно предизвика хавариска состојба во процесот на производство во РЕК Битола. Во рудниците повторно истата слика, како и пред одреден период: потопени рударски постројки, поплавени објекти, немање можност за нормално производство на електрична енергија, кое е и така најмало во последните 30 години во РЕК Битола. За жал оваа слика е сė почеста. Секако не е проблем дождот кој не врнеше ни цел час, проблемот за ваквите хавариски состојба е последица на нестручното и несовесното раководење актуелното раководство на Државните Електрани на Македонија, како и масовните партиски вработувања на нестручен кадар, кој воопшто не е ни вклучен во процесот на производство и одржувањето на системите во РЕК Битола.

Замислете, во текот на вчерашниот ден, постројките и објектите во рудникот во РЕК Битола останаа без електрично напојување и осветеление, настапи тотален мрак. Најголемиот производител на електрична енергија во Македонија стигна до состојба во која не може за сопствени потреби да си обезбеди континуирано стабилно снадбување со електрична енергија, а ние очекуваме за цела држава.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

ВМРО-ДПМНЕ подолго време ја алармираше јавноста за погубните политики на „шампионите” во Енергетскиот Сектор, а за слична состојба информиравме и во април оваа година. Ваквото неодговорно однесување ќе биде казнето на 15 јули!

Обновата доаѓа!

Комисија за енергетика на ВМРО-ДПМНЕ

Новинарско прашање:

Хавариска состојба од несогледливи размери кога се случува во месец Јули кога временските услови се идеални за работење, каква состојба би очекувале во зимскиот период?

Одговор:

За да ставиме крај на погубните политики на СДС, крај на криминалот и рекетот во Енергетиката, целосно уништување на Електроенергетскиот систем на Р.Македонија и да се спаисиме од тотален мрак, потребно е на 15ти јули да излеземе масовно на предвремените парламентарни избори и да го заокружиме реден број 14 за ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Обнова за Македонија“.

Креирано од:


Пренеси го гласот