БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Левица: Конзулатот во Њу Џерси работи само 4 часа неделно – уште една навреда за македонската дијаспора

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

“Срамно и понижувачко е постоењето на Конзулатот на Република Македонија во Риџфилд Парк, Њу Џерси, кој работи само четири часа неделно – два часа во вторник и два во четврток, и тоа е жив доказ за институционалното запоставување на македонската дијаспора.

Нашиот народ кој живее, работи и придонесува во САД е принуден да се соочува со крајно минорни и ограничени услуги, затворени врати и администрација која не одговара ниту на телефон. Тоа е директно понижување за граѓаните чии даноци и вложувања се игнорираат од страна на една сервилна и неефикасна дипломатија. Ниту една друга држава во светот, како што сами велат граѓаните, ни приближно не покажува ваква рамнодушност и игнорирање на сопствените сограѓани.

Овој однос на Македонско конзуларно претставништво во светот не е единствен. Честопати се регистрира и во други држави, и не мал бројот на наши сограѓани  очајуваат поради нефункционални веб сајтови, неодговарање на телефон во работно време и патувања на празно зашто работното време е или недоволно или неправилно означено.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Ги повикуваме надлежните од Министерството за надворешни работи да објаснат зошто оваа институција во Њу Џерси практично не функционира, и да преземат итни мерки за проширување на работното време, вработување на соодветен кадар и воспоставување ефикасна комуникација со македонските државјани. Исто така, секојдневно да ги ажурираат податоците на конзуларните сајтови и во сите останати држави во однос на податоците што се од корист на нашите сограѓани во странство.
Да не се заборава дека Македонската дијаспора е жив организам кој со децении ја поддржува татковината и има право на достапни и ефикасни конзуларни услуги.”

-интегрален текст на соопштение упатено до јавноста од страна на Левица.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace
HTML Image as link Ваша идна дестинација за посета
An image from Squarespace