БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Од Источниот плански регион само Пробиштип не аплицирале на Вториот повик на Владата за финансирање на проекти од локално значење

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Денеска на посебна прес конференција од Владата во јавноста се обрати Министерот за локална самоуправа Златко Перински, кој што ги соопшти резултатите од досегашниот тек на процесот за апликации од страна на општините во државата на вториот повик на владата за доделување на финансиски сретства за финансирање на проекти од локално значаење.

Во продолжение го пренесуваме интегралното обраќање на министерот Перински:

“Пред сѐ, сакам да истакнам дека како Влада сме задоволни од процесот на вториот повик, интересот на општините и фактичката состојба на терен која влева надеж дека системската стратегија на Владата покажува дека се работи за подобрување на условите за живот на сите граѓани во целата земја.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

На денешната прес конференција сакам да ја информирам јавноста за текот на апликативниот процес за финансирање на локалните самоуправи од програмата на Владата.

Во текот на вчерашниот ден се одржа состанок на Координативното тело за следење и координација на проектите финансирани од Владата наменети за локалната самоуправа на кое е утврдена следната фактичка состојба.

Заклучно со 23.04.2025 година во архивата на Министерството за локална самоуправа доставени се вкупно 450 апликативни формулари од 63 општини.

Од нив, 36 општини аплицирале со проекти во вредност од максимумот на финансиски средства кои им следуваат согласно формулата по глава на жител, 27 општини имаат можност да аплицираат со уште проекти до максимум предвидената сума, а 17 општини воопшто немаат поднесено апликативни формулари.
Да појаснам, 27 општини поднеле апликации, но имаат простор за достава на уште апликации, со оглед на предвидената максимална сум по критериумот, по глава на жител.

Општини кои воопшто не аплицирале заклучно со вчерашниот датум се 17 на број и тоа:

  • САРАЈ
  • ЦЕНТАР
  • ЧАИР
  • ШУТО ОРИЗАРИ
  • ЛИПКОВО
  • ПРОБИШТИП
  • ВАЛАНДОВО
  • РОСОМАН
  • БОГОВИЊЕ
  • ВРАПЧИШТЕ
  • МАВРОВО РОСТУШЕ
  • ТЕАРЦЕ
  • ДЕБАР
  • СТРУГА
  • БИТОЛА
  • КРУШЕВО
  • ДОЛНЕНИ

Како Влада сакаме да апелираме уште еднаш до сите локални самоуправи да ја искористат оваа можност и да го запазат законски предвидениот рок за пријавување кој согласно одлуката на Владата е 30.04.2025 година.

На крајот, сакам да нагласам дека оваа програма претставува клучен чекор во трансформацијата на локалните самоуправи и целокупниот развој на земјата.

Владата со конкретни мерки и дела покажува дека е безрезервен партнер на сите општини, со силна посветеност за остварување на овие цели. Со заедничка и координирана работа, можеме да изградиме понапредна инфраструктура што ќе создаде и подобрени услови за живот од повеќе аспекти.

Исходот од првиот повик веќе јасно потврдува дека нашите намери се реални и дека оваа програма не е само теорија, туку и практичен механизам за промените што веќе се случуваат на терен.

Затоа, ги повикувам сите општини да ја искористат оваа значајна можност, бидејќи заедно, како партнери, можеме да создадеме подолгорочни и одржливи решенија за иднината на нашите граѓани,”

-стои во обраќањето на Министерот Перински од денешната прес конференција од Владата.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace
HTML Image as link Ваша идна дестинација за посета
An image from Squarespace