БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Лозово добива 23 ново-реконструирани улици

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Како никогаш до сега општина Лозово реализира инфраструктурни проекти во функција за подобрување на животниот стандард на жителите.

Ветените проекти од страна на градоначалникот Бошко Цветковски добиваат своја материјализација со ефективно темпо на реализација со што се решаваат децениски проблеми на граѓаните на општината.

“✅Со една единствена цел, на сите граѓани да им обезбедиме соодветни услови за живот, активно работиме да овозможиме рамномерен развој на сите населени места кои се дел од нашата општина.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

⚠️Започнуваме со РЕКОНСТРУКЦИЈА на 2️⃣3️⃣УЛИЦИ на територија на Општина Лозово, кои на барање на граѓаните за прв пат се асфалтираат..

👌За Нас, барањата на нашиот народ се приоритет…Нема лажни ветувања и ниту милиметар отстапки од дадениот збор!

🔛 Со силно темпо и во наредниот период продолжуваме со имплементација на проекти со кои создаваме подобри услови за живот, но и одговорно и посветено работиме во интерес на нашите сограѓани во сите населени места на територија на нашата општина кои децении наназад биле заборавени.

✅Ги решаваме реалните проблеми со кои се соочуват, а, исто така, интензивно ќе продолжиме во понатамошниот период да работиме за реализација на проекти кои ќе придонесат за подобра и поквалитетна инфраструктура, со која Општина Лозово ќе прерасне во модерна и инфраструктурно развиена општина, токму како што заслужуваат моите сограѓани.

⭕️Во текот на градежните активности сообраќајот ќе се одвива во отежнати услови, а во одредени периоди ќе има повремен прекин на одвивањето на сообраќајот.

👷Се молат граѓаните да имаат разбирање за горенаведеното и да ја почитуваат сообраќајната сигнализација и насоките за регулирање на сообраќајот од страна на Изведувачот на работите на делот од улиците каде се одвиваат градежни работи..

п.с. Има разлика🫶
ПРОМЕНИТЕ СЕ СЛУЧУВААТ✅“

-фејсбук статус на градоначалникот на општина Лозово Бошко Цветковски.

Креирано од:


Пренеси го гласот