БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Македонија се крева на протести против бугаризацијата. Дали народот ќе успее да се избори за својот идентитет?

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот


Денеска во 19.00 часот пред владата на Република Македонија од страна на повеќе граѓани на социјалните мрежи се организира народен протест против “францускиот предлог за бугаризација на Македонија”.

Граѓани од Битола исто така повикуваат на протест пред францускиот конзулат во Битола за денеска попладне во 20.00 часот со истата реторика.

Владата на Димитар Ковачевски е решена да го бутка процесот за усвојување на т.н. француски модификуван предлог за решение на спорот меѓу Бугарија и Македонија, иако се уште во јавност го немаат покажано првиот француски предлог.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Со оглед на досегашните спроведени чекори на меѓународен но и домашен план политиките на актуелната влада предводена од СДСМ и ДУИ се јасни во поглед на инструментализираната сервилност кон барањата на странските фактори за уништување на Македонскиот национален идентитет и заглавување на перспективата на државата и народот во темните лавиринти на балканските фашистички аспирации кон Македонија.

Останува Македонскиот народ како единствена брана против ваквите негаторски политики да го искаже својот став во јавноста за да остане сведоштво пред историјата за волјата на граѓаните кон ваквите политики.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace