Македонија неодамна беше домаќин на 30иот министерски совет на ОБСЕ, логистички успех кој вклучуваше делегации од над 50 земји и илјадници делегати, како и нивниот придружен персонал. Деталите потребни за организирањето на ова – салата, обезбедувањето, угостителството, транспортот, според сите информации беа добро организирани и настанот течеше непречено.
Но, на крајот на краиштата, не беше ли ова пример, да употребиме македонски израз, на седење на две столчиња?
Погледнете некои наслови од меѓународниот печат:
Дојче веле: Состанокот на ОБСЕ започна со гнев поради учеството на Русија
Радио Слободна Европа/Радио Слобода: ОБСЕ го отвори Самитот во Скопје во услови на бојкот и критики поради присуството на Русија
Индепендент: Министрите за надворешни работи на балтичките земји се повлекуваат од состанокот на ОБСЕ поради присуството на рускиот министер за надворешни работи
Не бојкотираа само балтичките министри за надворешни работи. Бојкотираа и Украина и Полска, а многу дипломати кои присуствуваа беа бесни што рускиот министер за надворешни работи Лавров присуствуваше, и излегоа од салата кога тој почна да зборува за време на главната седница.
И ова следно е важно, и не само затоа што не го цитирам често Балкан Инсајт:
„….Министерката за одбрана на Македонија, Славјанка Петровска, исто така изрази резерви. Зборувајќи на националниот радиодифузер МРТВ минатата недела, таа рече дека, имајќи го предвид однесувањето на Русија кон Украина во изминативе две години, „не гледам причина за неговото присуство [на Лавров] овде“. Значи, и македонската влада ја критикува… македонската влада?
Кој го охрабри министерот за надворешни работи Османи да го покани Лавров? На Лавров мораше да му се даде специјална согласност за да одлета до Македонија; Бугарија одби да им дозволи на Русите да ја прелетаат нивната територија; сепак, Грција на крај даде дозвола. Во своја одбрана, Османи „ја бранеше одлуката и тврдеше дека на ОБСЕ треба да се гледа како на
неутрален форум“, извести Ал Џезира. Но, тука е чудната работа: Османи, како претседател на ОБСЕ за 2023 година и домаќин на настанот, го покани Лавров да присуствува, бидејќи, како што рече Османи, тоа е неутрален форум. Но, во воведниот говор пред собраните, Османи ја критикуваше Русија, велејќи: „Руската агресивна војна против Украина е во целосна спротивност на сето она што оваа организација го застапува. Војната ја поткопува довербата, дијалогот и нашиот капацитет за дејствуваме“. Веројатно Лавров беше таму кога Османи го кажа ова. (Американскиот државен секретар Антони Блинкен не беше таму, тој долета претходната вечер, имаше неколку состаноци, и потоа замина. Тој не се совпадна во земјата со Лавров ).
Целиот текст на Macedonian Content Farmers Podcast
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Шарената револуција никогаш не згасна: Истите шарени револуционери денес се обидуваат да ја украдат тагата на цела една нација
Не треба да дозволиме црнината на нашите души да не вовлече во уште поголема темнина, од која овојпат нема да има враќање
Силен финансиски импут за локалните самоуправи како никогаш до сега! Дали ЕЛС имаат капацитет со овие пари да обезбедат соодветен одржлив развој на локалните заедници?