БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Спроведена Работилница за препознавање и превенција од родово базирано насилство меѓу децата во Кочани

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Како дел од кампањата „16 дена активизам против родово базирано насилство“, Општина Кочани, преку заедничката програма на ЕУ и Советот на Европа – РОМАКТЕД фаза 2, реализираше работилница на тема „Како да го препознаеме и да превенираме родово базираното насилство меѓу децата“. 

Во интерактивна комуникација со ученици од шесто до деветто одделение од ОУ „Раде Кратовче“, едукатор од UN Women разговараше за формите, мотивите и начините на препознавање на родово базирано и семејно насилство. 

Низ примери од секојдневниот живот учениците покажаа дека умеат да препознаат насилство што доведува до физичка, сексуална, психичка или економска повреда кај девојчињата и кај момчињата, како и насилство во семејството. 

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Работилницата е реализирана во рамките на заедничката програма на ЕУ и Советот на Европа – РОМАКТЕД фаза 2, во соработка со проектот „Зајакнување на активностите против трговија со луѓе во Северна Македонија“, кој се имплементира  преку програмата на Европската Унија и Советот на Европа „Хоризонтален инструмент за Западен Балкан и Турција“. Општина Кочани со оваа работилница настојува да ја подигне општествената свест и да поттикне размислување за индивидуалниот и колективниот придонес во борбата за спречување на  родово базираното насилство.

Креирано од:


Пренеси го гласот