БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Megadeth излегоа со нов албум и сингл

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Светската треш музичка атракција Megadeth го објавија својот 16 музички албум по ред. Новото музичко возбудување на оваа култна треш метал група е насловено The Sick, the Dying… and the Dead! и претставува своевидно продолжение на патот онаму каде застана неговиот претходник Dystopia од 2016 година. Визуелниот сензибилитет препознатлив за музичкиот наратив на Megadeth во целокупниот нивен творечки опус може да се експлицитно забележи и во новиот албум чиј што артворк е силна стилска реакција на современите демони кои се присути во денешното секојдневие.

Од албумот како сингл е издвоена песната Killing Time: Chapter V (Official Music Video) чиј што видеозапис останува доследен на индустриал-хорор сценографијата која ја носи бендот со својот уметнички баланс на реалност и имагинација.

Во своето 39 годишно постоење Megadeth го заслужи своето место на пиадесталот н еден од најзначајните и креативно највпечатливи музички бендови во историјата на метал и рок музиката. Фронтменот Дејв Мастејн кој ште е и срцето и душата на бендот е еден од најпочитувните музички творци како од милионската армада на фанови така и помеѓу неговите колеги од музичкта индустрија.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace