Изгледа дека долго очекуваниот продолжеток на култниот историски филмски еп од 2000 година “Гладијатор” конечно започнува пополека да го живее својот пат за негово создавање.
Минатата година самиот режисер потврди дека сценариото за продолжението на Гладијатор е комплетирано а три години пред тоа овој холивудски проект доби зелено светло да се развива од студиот Парамаунт Пикчрс. Иако сценариото првично беше највено дека ќ го пишува Ник Кејв, сепак потоа ваквата најава беше променета со името на Петар Креиг кој што како автор на сценариото на овогодинешниот филм Бетмен а претходно и со неговата работа на вториот и третиот дел н The Hunger Games остави ззначителен вторски печат заа тоа на кој нчин може да се развиват продолженија на филмови кои со себе носат голем багаж од огромната армија фанови низ целиот свет.

Новинскиот портал Le360 од Мароко како и интеренет креаторот Даниел РПГ во своите информтивни изданија вклучија повеќе детали за придвижувањето на работата на Гладијатор 2. Неодамна самиот режисер на Гладијатор Ридли Скот кој што ја живее својата 9 декада бил во посета на повеќе локации во Мароко каде што треба да се снимаат сцени од продолжението на филмот откако извршните продуценти на филмот веќе биле во преговори со Студиото Атлас од мароканскиот град Ouarzazate кој што филмските работници го сметаат како Марокански Холивуд.

Приказната на Гладијатор 2 ќе започне онаму каде што застана во 2000 година со Лушс- синот на сестрата Лусила на императорот Комодус. Во филмот свое појавување ќе им и Расел Кроу кој што го глумеше римскиот генерал кој што во филмот од 200 година стана роб за да стане гладијатор кој што го затресе и го предизвика владеењето на Комодус. Но не е познато на каков начин ликот на Кроу Максимус ќе биде вклопен во самата приказна на продолжението на Гладијатор нва чиј крај беше евидентно дека го загуби својот живот од кукавички бодеж на неговиот непријател.
Режисерот Ридли Скот моментално работи на уште еден историски епски филмски хит посветен на Наполеон Бонапарта во кој што францускиот император го портретира Хоакин Феникс. По завршувањето на работата на овој филм Ридли Скот ќе започне со продукција на Гладијатор 2 чија премиера се очекува да биде во 2025 година.
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Врвниот виолинист Емилио Перцан од Германија доаѓа да предава и музицира во Македонија затоа што ја сака земјата
Пушти го кучето нека провери…
Безвременски цитати: Емил Зола