БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Мерката “Спортски денар” на ВМРО-ДПМНЕ предвидува 2.5 милијарди денари годишно инвестиции за спортот

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Кандидатот за пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за Обнова на Македонија во третата изборна единица Никола Мицевски на прес конференција денеска ја промовираше мерката “СПОРТСКИ ДЕНАР” пред јавноста.

Станува збор за одвојување на еден денар од акцизата за нафтата и нафтените деривати кој со секојпотрошен килограм нафта ќе се слева во овој фонд за поддршка на спортот во државата.

На годишно ниво според пресметките на опозициската ВМРО-ДПМНЕ тоа би биле 2.5 милијарди денари одвоени за спортот во Македонија.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Дополнително Мицевски најави нов закон за спорт според најсовремените пракси во развиените земји преку кој спортот ќе доживее еден целосно нов лик и препород во наредниот период.

Дополнително Мицевски најави и инвестиции на идната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ во спортска инфраструктура и развој на капацитетите и човечките ресурси кои гравитираат околу спортот.

Во продолжение во целост ја пренесуваме прес конференцијата на Никола Мицевски:

“Се обврзуваме да ја реализираме мерката „СПОРТСКИ ДЕНАР“.
Одвојуваме еден денар за спортот од акцизата за нафтени деривати. За развој на спортот, спортската инфраструктура и науката во спортот. 2,5 милијарди денари годишно ќе бидат наменети за реализирање на оваа мерка.
Во наредниот четиригодишен период се обврзуваме да го развиеме спортот до степен да сите граѓани ги почувствуваат позитивните ефекти од него.
#ОдбериОбнова“

Креирано од:


Пренеси го гласот