БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Мицкоски: Кого и каде да пријавам? Зарем некој има дилема дали функционираат институциите?

Пренеси го гласот

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во своето синоќешно гостување на ТВ ШЕЊА зборуваше на повеќе актуелни политички теми од интерес на македонската јавност.

На почетокот од интервјуто со домаќинот Насер Селмани зборуваше за аномалиите кои што надлежните институции ги манифестираа во целокупната постапка со случајот кој ја потресе како никогаш до сега Македонската јавност со убиството на млада девојка и возрасен човек. Истовремено Мицкоски зборуваше за медиумската поддршка кој што главниот осомничен за случајот ја добивал во изминатиот период од одредени медиуми додека истите тие медиуми паралелно правеа обиди за дискредитација на ВМРО-ДПМНЕ и него лично како човек. Притоа Мицкоски го изрази својата резигнираност од одговорот на институциите за сите закани, лаги и најави одговорност за сите кои што не постапувале соодветно по овој злокобен случај како и целиот говор на омраза и константните лаги и манипулации.

Генезата на спектакулизирањето на личните животи на политичарите во функција на остварување на политички поени на голема врата започна во 2016 година што според Мицкоски наместо преку ширење на медимиски сензации тие требало да добијат форма на судска разрешница. Од тие моменти на сензационализам на јавна сцена проследено со насилство по улиците се радикализираше до ден денес состојбата во општеството што допринесе за тотална несигурност и распад на интегритетот на институциите во државата. Ваквата состојба допринесе до состојбата во која денес егзистира Македонија која е крајно неповолна.

Целата емисија со Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ во која тој зборува и за претстојните избори, можните кандидати, очекуваниот исход од изборите, како и неразминливата тема за уставните измени под бугарски диктат погледнете ја на сл. линк тука

Креирано од:


Пренеси го гласот