БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Мицкоски од Ѓорче Петров: Ќе дојде историскиот момент, организацијата е таа којашто ќе се исправи и ќе застане во одбрана на националните интереси на Македонија

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајлоски денеска остварија средба со граѓаните и членовите на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Ѓорче Петров.

Пред големиот број на присутни граѓани претседателот Мицкоски порача дека Република Македонија и граѓаните не треба да бидат заведени туку водени од политичарите и тоа по траекторија која ќе биде исклучително темелена на принципиелност, чесност и искреност, односно како што нагласи тој овие три збора се многу значајни бидејќи се карактерна особина на ВМРО-ДПМНЕ и на граѓаните на Република Македонија.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Нас не ни треба ниту луксуз, ниту црвени килими, нас ни требаа само доверба од граѓаните на Република Македонија, од нашите сопартијци, од подржувачите на ВМРО-ДПМНЕ, од македонската нација за да истраеме во оваа битка која што ја започнавме пред неколку месеци. Ние таа доверба од ден на ден ја добиваме, ја чувствуваме како пулсира ширум плоштадите, ширум штабовите на ВМРО-ДПМНЕ низ Македонија во сите оние средби кои што ги имаме со вас граѓаните, вели тој.

Додека потпретседателот Мисајлоски додаде дека и покрај тоа што Македонија  и граѓаните се наоѓа во едно тешко време, ВМРО-ДПМНЕ е познат по еден симбол а тоа е лавот, додавајќи дека колку и да е борбата тешка лавот секогаш се воздигнува и победува.

Кога многу граѓани или многу интелектуалци велат да се изгради став јас би им порачал вака „Многу луѓе сакаат да го видат лавот паднат бидејќи е најмоќен. Многу луѓе сакаат да видат како ќе биде измачуван, прогонуван, зошто е најмоќен. Многу луѓе сакаат да видат  како се мачи тој и како ќе падне на колена и неговата глава, Но, јас морам да ви кажам нешто лавот кога е најдолу повторно секој има страв од лавот  и тој се воздигнува  и победува. Затоа борбата секогаш ќе продолжи. “, вели тој.

Мицкоски додаде дека во време на СДСМ и Зоран Заев, граѓаните живеат многу лошо, потенцирајќи го економското цунами, покачувањето на акцизата за гориво, немањето на капитални инвестиции, безбедност на граѓаните е доведена во прашање, корупција, криминални тендери склучени во четири очи кое што резултира со осиромашување на граѓаните а богатење на партиските функционери, а на сметка на ова ги распродаваат националните и државните интереси и ја понижуваат Република Македонија и нејзините граѓани.

Креирано од:


Пренеси го гласот