Како претседател на Владата, но и како човек кој ги разбира потребите на граѓаните, сакам да потенцирам дека Владата ќе делува секогаш кога за тоа ќе има простор и потреба. Имаме план не само со еден или два чекора, туку со цела низа разработени сценарија, доколку кризата се влоши или продолжи.
Владата донесе одлука, се намалува данокот на ДДВ на бензините и нафтата од 18 на 10%,за да се спречи енормен скок.
Намалувањето на даноците значи веднаш пониски цени на горивата. Тоа е најбрзиот начин да се ублажи ударот и да се спречи ширење на поскапувањата низ целата економија и да се заштеди паричникот на граѓаните.
Ова е интервенција што го прекинува синџирот на поскапувања. Со стабилизирање на цената на горивата, се штитат и цените на храната, транспортот и услугите.
Ќе продолжиме будно да ја следиме состојбата.
-фејсбук статус на Христијан Мицкоски


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Јавен повик за проектни апликации наменет за правни и физички лица од редовите на дијаспората, за 2026
Мециновиќ порача дека назначувањето на вмровецот Ацо Ристов за претседател на РКЕ ќе го оспори пред Енергетската заедница
Уставниот суд го поништи Законот за изменување на Законот за платите на судиите донесен во февруари 2026 година во Собранието