БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Мицкоски во предвечерие на Рожденството Христово на богослужба во скопско Ѓорче Петров

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски со дел од своите соработници присуствуваше на вечерната богослужба во црквата Св. Апостоли Петар и Павле во скопската населба Ѓорче Петров.

Ова е неговата објава во врска на настанот на фејсбук:

Во пресрет на Рожденството Христово Божиќ, бадниковата вечер ја поминав во црквата Св. Aпостоли Петар и Павле во Ѓорче Петров.

На православните верници им го честитам големиот празник, со искрени желби за добро здравје, бериќетна година и успеси. Она што го посакувам на секој еден од вас е да бидете среќни, заеднички да градиме иднина, и да покажеме одговорност кон нашата земја.

Сплотени, исправени да се издигнеме над неправдите, тешкиот живот, да ги победиме црнилата.

Нашата борба е за правда, за благосостојба и стандард, за квалитетно здравство и конкурентно образование, за приносно земјоделие, задоволни граѓани!

И покрај сите предизвици, и покрај сите премрежја, имајте спокојни празнични денови со вашите семејства.

Христос се роди! 
Навистина се роди!

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace
HTML Image as link Ваша идна дестинација за посета
An image from Squarespace