Пратеникот на граѓаните на Кочани во Македонскиот парлемант од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Миле Лефков денеска преку социјалните мрежу упати своја порака кон целата јавност дека одговорноста за трагедијата која го погоди Кочани ќе стигне и дека никој не е над законот или правдата.
“Одговорност ќе има!
Никој не е над законот, ниту над правдата. Трагедиите не смеат да останат без последици, а институциите да дејствуваат вака решително и транспарентно до крај и до целосно расчистување!
Нема место за хулиганство и насилство! Вандализмот не носи правда!
Нема да дозволиме ниту неправда, ниту хаос – секој што згрешил ќе одговара!
Граѓаните заслужуваат вистина, правда и одговорност!”
-соопштение упатено до јавноста од страна на пратеникот од Кочани Миле Лефков.
Во текот на вчерашниот ден целокупната Македонска јавност беше сведок на немили слики на вандализам и уништување на материјални добра во Кочани спроведени од поединци во толпата граѓани пред се млади и малолетни лица кои излегоа мирно да одадат почит на своите роднини, пријатели и другарчиња кои го загубија животот во катастрофалниот настан во неделата во раните утрински часови во дискотеката на смртта.
Тагата и огорченоста од катастрофата која го погоди Кочани и цела држава се огромни, но со вандализам, хаос и безредие на никој начин не се помага за надминување на лошата состојба во која се наоѓа целокупниот систем во државата. Револтот на граѓаните на Кочани е оправдан, но во овие тешки моменти треба да се овозможи институциите да ја изнесат целата вистина за настанот во јавност како и да обезбедат одговорност за сите инволвирани поединци.
Криминалот и Корупцијата во државата не се фасадите, прозори, врати, столови, маси, контејнери или возила по улиците…. Криминалот и корупцијата во Македонија имаат име и презиме.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Штипјанец сведочел а не пријавил нанесување на тешка телесна повреда
Македонија и Унгарија зацврстија стратешка енергетска соработка – делегација на министерството на петта седница на Мешовитиот комитет
„Вози безбедно – стигни сигурно“ – превентивна кампања на СВР Штип