Министерот за здравство, Азир Алиу денес имаше работна средба со директорката на Агенцијата за квалитет и акредитација на здравствени установи, Билјана Димитрова, и со претставници од Агенцијата.
На средбата се разговараше за можностите за зголемување на ефикасноста на Агенцијата преку нејзино професионално зајакнување, подобрување на законската регулатива во делот на акредитација на здравствените установи, како и унапредување на квалитетот на здравствената заштита и безбедност на пациентите.
Министерството за здравство останува посветено на зајакнување на институциите и развој на системи, кои обезбедуваат безбедни, ефикасни и квалитетни здравствени услуги за сите граѓани.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Пронајден хероин во дом на жител од Свети Николе
Кривична пријава за 4 жители на Крива Паланка
150 студентки, отворени предавања и силна порака од dm по повод Светскиот ден на менструалната хигиена