Денеска во посета на жител на Прилеп кој што се занимава со производство на тутун беа Министерот за земјоделие, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски како и премиерот Димитар Ковачевски. Од пренесените фотографии може да се забележат задоволни насмевки на лицата на премиерот и министерот кои што во јавноста треба да пренесат порака за одличната состојба во производството на тутун во државата.
“Заедно со премиерот Dimitar Kovacevski денеска сме во Прилеп, во нашиот најтутунарски македонски регион. Го посетивме Горан Јордановски од село Мажучиште, кој заедно со своето семејство цел живот се занимаваат со производство на тутун. Знаме колку оваа работа е макотрпна и тешка, затоа како Влада ја цениме секоја капка труд на земјоделците.”
-напиша Љупчо Николовски на фејсбук.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Ова се имињата на 10 најдобри матуранти од делчевската гимназија кои добиваат богат награди од општината и Градоначалникот
Манасиевски: Заев започна бришење на терминот „македонски’’, за да дојде Филипче и да го запише „северномакедонски’’, тие се горди кога не прозиваат како „северномакедонци’’
Димитријевиќ: Скандалозно е премиер да се слуша и да му сугерира на обвинителот како да постапува