Вечерва Министерот за култура и Туризам во Владата на Република Македонија Зоран Љутков присуствваше на вечерното отварање на ревијална изложба на уметнички дела во Музејот на современа уметност на градф Скопје во организација на Факултетот за ликовни уметности.
“
Вечерва во Музејот на современата уметност – Скопје беше отворена ревијална изложба во чест на 45-годишнината од основањето на Факултетот за ликовни уметности – Скопје.
На изложбата беа презентирани 45 дела од 45 автори, од колекцијата на МСУ, како и дела во сопственост на нашите уметници – наставен кадар на ФЛУ.
Прекрасно е да се види континуитетот и еволуцијата на уметничките изрази во последните четири и пол децении. Изложбата, која е придружена со документарни прилози, ја истакнува важноста на нашето уметничко наследство.
На изложбата која ја отворија д-р Биљана Ангелова, ректор на Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и деканот на Факултетот за ликовни уметности, проф. д-р Славица Јанешлиева заедно со министерката за образование и наука, Весна Јаневска и државниот секретар во Министерството за култура и туризам, Марија Станчевска-Ѓоргова добивме благодарници за соработката, поддршката и придонесот во развојот и унапредувањето на уметноста и образованието.
На крајот, оваа изложба не само што ја одбележува важната јубилејна годишнина, туку и ја потврдува силната врска помеѓу уметноста и образованието во нашето општество.
Оваа изложба е доказ за важноста на културата во нашето секојдневие, бидејќи таа не само што ги обединува луѓето, туку и ја инспирира идната генерација уметници да создаваат и да ја продолжат традицијата на уметничкиот израз.”
-напиша на социјалните мрежи во врска со овој значаен културен настан Министерот Љутков.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Поднесено обвинение за телесна повреда при семејно насилство во Битола
Предложен притвор за загрозување на сигурноста во Куманово
Потпишан петгодишен протокол за соработка со Универзитетот Тракија: обука за македонските здравствени работници во Едрене