БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Заменик Министерот Ѓоко Велковски во посета на вработените во Центарот за социјални работи во Делчево

Пренеси го гласот

Дополнителниот заменик министер за труд и социјална политика Ѓоко Велковски денеска беше во работна посета на Делчево.

Тој во рамки на својата работна агенда ги посети вработените во Центарот за социјална работа во Делчево на нивните работни места што го прави еден од ретките владини функционери кој најдиректно се запозна со работата на овие луѓе кои што се дел од оваа институција во оваа општина на крајниот исток на државата.

Заменик Министерот Велковски презентираше дел од своите заложби во рамки на неговата работа и притоа се запозна со предизвиците и околностите за работа на вработените во Центарот за социјални работи во Делчево.

Улогата на оваа институција е особено значајна во формирањето на перцепцијата за фер и демократски изборен процес што е дел од ингеренциите на техничкиот заменик министер. Од тој аспект Заменик Министерот Велковски инсистира на строго законска работа во рамки на ингеренциите на вработените во Центарот за социјална работа во Делчево со што оваа институција на вистински начин ќе помогне во формирање на демократскиот капацитет на изборите.

Во рамки на ингеренциите на ЦСР Делчево е работата со ранливи категории на граѓани што како аномалија се провлекуваше во изминатите изборни циклуси, а заложбите на Заменик Министерот Велковски ќе бидат таквата пракса да биде сузбиена и санквционирана доколку има тенденција да се појави.

Злоупотребите на оваа институција во предизборен период се казниви со високи казно така што заложбите на Заменик Министерот Велковски се во целост да бидат почитувани законските рамки на оваа сфера.

Креирано од:


Пренеси го гласот