БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Млади инженери од ФЕИТ започнуваат практикантска настава во Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини“

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Со средба помеѓу министерката Сања Божиновска и студентите од Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ), денес официјално започна летната програма за практикантска настава во Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини.

Првата група студенти од Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ), кои ова лето ќе ја реализираат својата професионална пракса во рамки на Министерството и органите во негов состав.

„Ова не е само пракса, туку е прв чекор кон задржување на младите во нашата земја. Ги отвораме вратите на Министерството за вашите идеи, ентузијазам и знаење. Убедена сум дека ова искуство ќе биде обострано корисно – вие ќе учите од нас, но и ние од вас. Нашата енергетска иднина ја гледаме токму во новите генерации инженери“, изјави министерката Сања Божиновска на средбата со практикантите.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Оваа програма се реализира во рамки на иницијативата на Министерството за отворање на институциите за младите луѓе – со цел да им се понудат реални можности за стручно усовршување, практични искуства и вклучување во процесите на креирање и имплементација на јавните политики во енергетиката, рударството и управувањето со минерални суровини.

Станува збор за студенти кои се во завршна фаза од своите студии и кои изразија интерес за вклучување во работата на Министерството, преку конкретни задачи, менторство и активно учество во подготовка на анализи, извештаи, презентации и други документи од областа. Практикантската настава ќе се одвива во текот на летото, а секој студент ќе има можност да работи во одделенијата според својата професионална определба, вклучително и енергетика, обновливи извори, енергетска ефикасност и други поврзани теми.

Оваа активност е резултат на неодамна потпишаниот Меморандум за соработка меѓу Министерството и ФЕИТ, со кој се воспостави институционална рамка за поддршка на млади кадри во техничките и инженерските науки, како дел од пошироката заложба  да се спречи одливот на млади професионалци од земјата.

На средбата со студентите, министерката Сања Божиновска ја истакна важноста на оваа иницијатива и потенцираше дека младите се еден од најголемите потенцијали што ги имаме како држава.

„Со овој чекор започнуваме нешто што долго време недостасуваше – вистинска, суштинска поврзаност меѓу образовните институции и креаторите на јавните политики. Ги отвораме вратите на Министерството за вас – младите луѓе со идеи, знаење и свежа перспектива. Вие сте генерацијата што ќе го води енергетскиот сектор утре, и важно е уште денес да почнете да го разбирате неговото функционирање. Нашата цел е не само да ви дадеме можност за практично искуство, туку и да ве мотивираме да ја гледате вашата иднина тука – во вашата земја, работејќи за нејзиниот напредок“, изјави министерката Божиновска.

Програмата за студентска пракса е дел од новата иницијатива на Министерството со која им се дава приоритет на младите кадри во енергетскиот сектор. Министерството најавува дека ваквите програми ќе продолжат и во иднина со нови групи студенти, како и со проширување на соработката и со други технички факултети и образовни институции. Со тоа се поставува темел за изградба на генерации домашни експерти кои ќе бидат директно вклучени во процесите на енергетска транзиција, иновации и развој на критичната инфраструктура во државата.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace