БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Младите од Велес реагираат на изјавата на Зоран Заев дека “спиеле по цел ден” и дека биле “алкохоличари”

Пренеси го гласот

До нашата редакција пристигна реакција на група млади поединци од Велес, кои реагираат на последната изјава на Зоран Заев кој ги нарече младите алкохоличари и дека спиеле по цел ден.

Истата ја пренесуваме во целост:

Премиерот Заев повторно во свој стил, фали ме усто да не те раскинам се пофали колку работел за да ги реши проблемите.

Премиере, за вашата работа говори незадоволството на граѓаните. Резултат од тоа колку работите е секојдневно преполниот аеродром со цели семејства кои масовно се иселуваат, а ветувавте дека и оние кои се заминати ќе ги вратите.

Оставете го народот да го каже својот став, а вие господине Заев имавте доволно долг период да покажете нешто на дело, но за жал ништо не видовме. Вие господине Заве, нас младите не нарекувате алкохоличари. Сме спиеле по цел ден.

Со што вие како премиер и со што вашата Влада не мотивираше? Какви активни мерки преземавте за нас младите?

Отворивте ли нови работни места за младите? Каков живот обезбедивте за нас младите?

А знаете нели иднината останува на младите. Каква иднина ни оставате?

Господине Заев ако ова е животот што го ветувавте и ако со ваков живот и со ваква грижа за младите тргнувате по вашиот замислен прав пат, Ви благодариме.

Чекорете сами. Младите сакаат обнова. Обнова за подобра иднина. Затоа што ние младите сме иднината!

Креирано од:


Пренеси го гласот