Жителите на Кочани и пошироко во Брегалничкиот регион кои што се занимаваат со производство на ориз, во последните неколу години мака мачат со пласманот на белото злато кое што за нив и нивните семејства живот значи.
Во 2022 година пратеникот Миле Лефков со поддршка од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ поднесоа “Предлог законот за измена и дополна на Закон за стокови резерви” со кој што се предвидуваше оризот да стане дел од стоковите резерви на државата кој што тогаш беше одбиен од владеачкото мнозинство. Сега откако беа изгубени повеќе месеци за самите земјоделци, владата во текот на вчерашниот ден достави идентичен предлог до собранието за усвојување.
Ваквата лицемерна купи ден- продај политика денеска во јавноста ја разобличи пратеникот Миле Левков со свое соопштение:
“Владеачкото мнозинство гласаше “Против” на нашиот “Предлог законот за измена и дополна на Закон за стокови резерви” со кој предлагаме оризот да биде составен дел на стоковите резерви!
Иако нашиот предлог, поднесен мај 2022, не помина на гласање денес, сепак борбата во Собрание за оризот да биде од ПОСЕБНО ЗНАЧЕЊЕ не е залудна!
Јавноста треба да знае дека после сите говори и притисоци од оризопроизводителите, на 1 фебруари 2023 во Собрание стигна ваков скоро идентичен закон ама овојпат предложен од Владата!
За жал останува изгубеното време за делување!
-информираше пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Миле Лефков.
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Потпишан Меморандум за соработка помеѓу министерствата за здравство, образование и социјална политика за рана интервенција во детството
Министерство за здравство: Четворица пациенти од пожарот во Кочани се враќаат во земјава, во странски медицински центри остануваат уште 11 пациенти
Перински во Крива Паланка: Со регионална соработка до нов урбан зелен парк за граѓаните