Во рамки на политичките определби на градоначалникот на општина Лозово Бошко Цветковски, транспарентноста и јавноста на работењето на Советот и општината се зајакнува на едно повисоко ниво.
Од последната седница на Советот на општина Лозово службите во општината започнаа со пренесување на седниците на советот и сите дискусии на советниците платени со парите на граѓаните.
Работата на ова локално тело кое што е со најголемо значење за развојот на општина Лозово како за контрола така и за донесување одлуки поврзани со работата на градоначалникот и општинската администрација, со секоја наредна седница ќе се пренесува во јавност. Официјалниот канал на јутјуб на Општина Лозово преку кој што ќе се пренесуваат седниците е достапен на сл. линк.
Граѓаните имаат право јавно да се информираат за одлуките кои се однесуваат за дејностите поврзани нивниот секојдневен живот.
“Почитувани,
Она што го ветувавме во предизборниот циклус, денес го спроведуваме на дело…
Пренесувањето на седниците е една од најважните заложби кон кои треба да се стремат советите во насока на нивна поголема транспарентност.
Градоначалникот и Членовите на Совет се избор на граѓаните и затоа јавноста не смее да биде исклучена од работата на општинските совети, бидејќи тие функционираат на локално ниво по сличен принцип како што тоа го прави парламентот на ниво на државата.
Имајки ги во предвид техничките можности коишто сега ги имаме, не постои никаква законска пречка седниците, нивното одвивање да биде пренесувано јавно на YouTube канал.
Тоа е во согласност со духот на она што го предвидува Законот на локална самоуправа и добрата практика на секое претставничко тело во било која демократија.
Снимањето на седниците советите е согласно препораките на индексот на отвореност на единиците на локална самоуправа, односно како Градоначалник на дело докажуваме дека под мое раководство општината континуирано ќе работи на подобрување на својата транспарентност и отвореност.”
-информираше за јавноста градоначалникот Бошко Цветковски.
Во продолжение го пренесуваме видеото од третата седница на Советот на општина Лозово
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Сообраќајна акција „Алкохолот и воланот не се добар пар“
Иван Гоцевски: Горане Трајковски одвои 15 минути време и исплати им ги утужените надоместоци на пожарникарите кои им следуваат со закон
Во Делчево продолжува вербалната битка меѓу Градоначалникот Трајковски и Претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Делчево Гоцевски