БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Водата стои, општина Македонска Каменица ита напред: На повеќе локации се решаваат комунални проблеми на граѓаните

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

На повеќе локации низ сите населени места во општината Македонска Каменица се реализираат повеќе активности кои што во значителна мера го подобруваат стандардот и живеачката на граѓаните.

Градоначалникот на општина Македонска Каменица ја информира јавноста за бројните тековни активности и проекти кои што се реализираат од страна на општината а кои што прават огромна разлика во однос на некои минати времиња кога ваквите активности не беа забележливи воопшто во јавност.

Станува збор за реализација на активности и проекти поврзани со комуналната инфраструктура и услуги кои што во изминатата година доживуваат целосна експанзија и подобрување на услугите за граѓаните.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

🔊 Продолжуваме со посветеност во работењето за навремено решавање на комуналните проблеми на граѓаните. Интензивно работиме за подобрување на квалитетот на живот во сите урбани и рурални средини од Општина Македонска Каменица:

✅ Решавање на проблемите со одводнувањето атмосферските води на улица Александар Македонски

✅ Поставување на нови шахти и водомерни единици на ул. Пиринска

✅ Нова фекална канализација на ул. Вера Јоциќ

✅Потпишан Договор за безбедно собирање и одложување на електронски и електричен отпад со ДООЕЛ “Нула отпад” – Скопје

✅ Засадување на рано пролетно цвеќе на повеќе локации во централното градско подрачје

✅ Доделени наградите од Наградната игра за корисници кои редовно плаќаат такси за комунални услуги

✅ Акција за чистење на излезот од Македонска Каменица кон приградската населба Павлиш Дол”

-информираше денеска градоначалникот на Македонска Каменица Димче Атанасовски во јавноста а своите сограѓани.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace