Градоначалникот на општина Карбинци Виктор Паунов денеска излезе со радосна вест за граѓаните на својата општина. Најмладите ќе бидат најрадосни со новите детски игралишта за чија што опрема градоначалникот на општината Виктор Паунов веќе подготвува тендерска документација.
Нови детски игралишта ќе добијат Радање, Таринци, Карбинци и Крупиште а селото Долни Балван ќе добие ново спортско играиште во дворот на училиштето.
“Во тек е изработка на тендерска документација за неколку детски игралишта во општина Карбинци со модерна тартан подлога.
Радање, Таринци, Карбинци и Крупиште ќе добијат реконструирани детски паркови со тартан подлога.
Во Долни Балван ќе следи реконструкција на спортското игралиште во училишниот двор со тартан подлога. “
-информираше градоначалникот Виктор Паунов во текот на денешниот ден.
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Влатко Јефтимов и Мирче Павлов прогласени за најуспешни пожарникари во Кочани за минатата година
Потпишан договорот за поврзување на Виница со Пречистителната станица за отпадни води во Мојанци
Санација и реконструкција на оштетени шахти на коловозите во Кочани