Во недостиг на останати реализирани проекти со кои што ќе се пофали градоначалникот на Карбинци, тој неодамна се обиде да се пофали со изградбата на мостот на Козјачка река во Карбинци и тоа не по прв пат.
За оваа тема на своја прес конференција реагираше претседателот на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Карбинци:
“Овде од местото каде што досега требаше да биде изграден нов функционален мост на Козјачка река во Карбинци, градоначалникот во заминување даде уште една несреќна изјава, каде што брифираше дека само што не бил изграден, само што не бил пуштен во функција овој мост.
Она што е факт и што може да го утврдиме на лице место е дека овој мост не само што со оваа динамика нема да биде завршен наскоро туку и традиционалните лаги пред избори со кои што се служи градоначалникот Насев и овој пат ќе бидат препознаени од граѓаните. Она што навистина ќе се случи за 2-3 месеци од сега е промената на власта и конечно заминување на господинот Насев во една политичка пензија”
-рече Виктор Паунов на прес конференцијата на лице место на локацијата каде треба да биде изграден овој мост.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Стручна работилница на тема „Дигитални решенија за одржливо земјоделско производство“
ВИНИЦА РЕЦИКЛИРА – 169.350 ПЛАСТИЧНИ ШИШИЊА ЗА ТРИ МЕСЕЦИ!
Уште една голема инвестиција на владата во здравството за делчевчани: Две нови возила за ЈЗУ Здравствен дом ,,Гоце Делчев ” во Делчево