БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Најава за 10 јубилејно издание на фестивалот за народна култура “Пображење” Вевчани

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Со пригодна програма од 17-ти до 19-ти овој месец ќе се реализира 10-то јубилејно издание на фестивалот за народна култура “Пображење” Вевчани.

Организатори на овој преубав традиционален културен настан се Културно уметничкото друштво “Дримкол” од Вевчани а покровители на самиот настан се Општината Вевчани и Министерството за култура.

Содржините на фестивалот се адаптирани според препораките на надлежните власти согласно здравствените протоколи за заштита а од организаторите апелираат на почитување на мерките за носење на заштитна маска и одржување на социјална дистанца за време на самите настани од програмата.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Во актуелната криза поврзана со Ковит-19 културната понуда за Македонските граѓани е сведена на минимум што дополнително се одразува врз квалитетот на живот на граѓаните а ваквите настани кои што се организираат секако се во прилог на поблагопријатно надминување на кризната состојба од страна на граѓаните со задолжително придржување на здравствените протоколи.

Креирано од:


Пренеси го гласот