БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Најава за ликовна работилница на НУЦК “НЈ Вапцаров” Делчево по повод детската недела

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Штафелаите се подготвени, четките на готовс, бојата чека да биде нанесена на платното….

Практикувањето на иновативни начини за доближување на ликовната уметност од страна на надлежните културни установи на локално ниво кај најмладите е ефикасен пракса за учениците уште од своја најрана возраст да ги искажат своите афинитети кон самата уметност, а таквите потенцијали на институционален начин да се негуваат и развиваат во периодот кој следува.

Раководени токму од овие базични принципи менаџментот како и вработените во НУЦК “Никола Јонков Вапцаров” Делчево во рамки на своите програмски определби спроведуваат серија на активности преку кои на најмладата популација во Делчево им ја доближуваат уметноста преку соодветни методи и практики на работа.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Одговорните за ликовната дејност при НУЦК “Никола Јонков Вапцаров” Делчево во рамки на богатата соработка со ЈЛБ “Илинден” Делчево за наредниот четврток- 02.10.2025 година со почеток во 10.00 часот во Ликовното студио и атеље “Љубомир Белогаски” Делчево кое се наоѓа на вториот кат во Спомен домот АСНОМ во Делчево организираат преубав настан за млади и талентирани ученици во соработка со наставничката по Ликовна уметност Антонела Манева.

“НУЦК „Никола Јонков Вапцаров“ – Делчево, во соработка со ЈЛБ „Илинден“ – Делчево и ООУ „Ванчо Прке“ – Делчево, организира Ликовна работилница по повод одбележувањето на Детската недела.

🗓 Датум: 02.10.2025 (четврток)
⏰ Време: 10:00 часот
📍 Локација: Ликовно студио и ателје „Љубомир Белогаски“ – Делчево

Работилницата ќе се реализира во техника акрил на платно, каде што најмладите учесници ќе имаат можност да ја изразат својата креативност и талент.

👨‍🏫 Модератор: Александар Белогаски – Стручен соработник за ликовна дејност, архитектура и дизајн.”

-стои во соопштението упатено до јавноста од страна на менаџментот на НУЦК “Никола Јонков Вапцаров” Делчево.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace