БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Покана за промоција на книга “Судбина или случајност” од роднокрајната авторка Рената Јосифовска

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Во организација на ЈЛБ “Илинден” Делчево во вторник на 07.10.2025 година во читалната во Спомен домот АСНОМ во Делчево ќе се реализира промоцијата на книгата “Судбина или случајност” од роднокрајната писателка Рената Јосифовска.

По тој повод менаџментот на библиотеката во Делчево ги поканува сите љубители на пишаниот збор да бидат дел од овој убав настан и со своето присуство да го збогатат истиот.

📢ПОКАНА

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Почитувани,

Со особена чест и задоволство, Ве покануваме на промоција на книгата „Судбина или случајност“ на нашата сограѓанка Рената Јосифовска.

Оваа промоција како културен настан е посветена на афирација на творештвото на авторите од нашиот крај, чиј збор ја чува традицијата, идентитетот и духот на нашата заедница.

Ве очекуваме да бидете дел од оваа свеченост и заедно да ја прославиме моќта на пишаниот збор.

📍Локација: читалната на ЈЛБ„Илинден“-Делчево

🗓️Датум: 07.10.2025 г.

🕕Време: 18 часот

Со почит,
ЈЛБ„Илинден“-Делчево

-стои во објавата на социјалните мрежи на ЈЛБ “Илинден” Делчево

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace