БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Најавен протест за правда на Никола Груевски

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Од страна на граѓанската иницијатива “Правда за Никола Груевски” ќе биде организиран протест пред судот во Скопје кој го осуди поранешниот премиер на Владата на Република Македонија на две години затвор за остварување на лична корист за тоа што понекогаш сакал да се вози со владиниот мерцедес кој беше набавен за потребите на Владата.

Во продолжение го пренесуваме интегрално текстот на повикот за протест од страна на иницијативата:

Почитувани граѓани,
Членови на ВМРО-ДПМНЕ,
Македонци и Македонки,
Браќа и сестри,
Цела Македонија е сведок на неправдата која се врши врз поранешниот премиер на Република Македонија Никола Груевски. Експресните постапки со скратени рокови имаат за цел единствено ставање во затвор на Никола Груевски.
За таа цел се повикуваат сите граѓани на Република Македонија на ден 07.11.2018 година (среда) со почеток во 19 часот на МИРЕН ГРАЃАНСКИ ПРОТЕСТ ЗА ПРАВДА ЗА НИКОЛА ГРУЕВСКИ пред зградата на Основниот суд Скопје 1!
Кога неправдата е на сила, непокорот е единствениот пат до правдата!

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace