Во Република Јакутија, во Русија се наоѓа Ојмјакон најладното село во светот. Името Ојмјакон во превод значи вода што не замрзнува, што е поради топлиот извор кој се наоѓа во негова близина. Во ова село просечната температура е -51°C во јануари, а забележани се рекордни -71°C во февруари, 2013 година. Да се живее во ова место дефинитивно, со само неколку минути поминати надвор очилата почнуваат да ви се лепат за лицето или брадата и веѓите ви се заледуваат. Таму нема мрежа за мобилниот телефон, а и да има нит една батерија на телефоните не би го издржала ладното време.
Луѓето кои живеат во Ојмјакон претежно се хранат со риба, месо од ирваси или коњи или, пак, млеко кое го молзат од животните кои ги чуваат на своите фарми. И покрај краткиот избор на храана и недоволно внесување на основните потребни продукти овие луѓе немаат никакви проблеми со исхраната.
Таму живеат околу 500 луѓе кои ги набавуваат потребните намирници од една и единствена продавница во селото, а има и бензинска станица. Единственото што може да ве стопли на Ојмјаконските температури се уникатните крзнени бунди и чизми од ирвас кои чинат и до 300 евра. Во текот на летниот период посебно, но и во зимата се организираат туристички тури низ прекрасната природа која го обиколува Ојмјакон, но и самото село како примамлива дестинација за неверојатно доживување.








СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Гордоста на Брегалничкиот регион- Ансамблот “Македонија” во Делчево ја покажа најсилната страна на Македонскиот идентитет
160 недели, најмалку 160 книги: КЛИК веќе објави 21 книга и го отвора македонското книжевно творештво кон светот
Видела лице зад сцената на концерт на Аеросмит, кое многу личи на нејзиното: Како Лив Тајлер дознала за своето биолошко потекло?