БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

На денешен ден 1941 г. бомбардерите на Наци- Германија полетаа од воената база во Наци- Бугарија за да го бомбардираат Штип

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

На 6 април 1941 година дузина бомбардери на Нацистичка Германија кои полетале од воената база на територијата на Царска Бугарија извршиле варварски чин на бомбардирање на градот Штип како еден од поголемите административни центри во овој дел на тогашната Кралска Југославија.

Во раните утрински часови здружени воздушни и компнени сили на Германија и Бугарија го започнале воениот напад и окупација на делови од Вардарска Македонија во Втората Светска Војна. Целта на нападот биле уништување на витални општествени објекти и завземање на стратешки цели за распоредување на идната фашистичка власт на овој дел од територијата на Македонија.

Нападот од воздух над Штип бил додека повеќето штипјани спиеле а очевидци и сведоци на бомбардирањето биле граѓаните кои порано одела на своите работни места.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Во првиот воен удар од воздух била бомбардирана тогашната Соколана, каде што сега е Народниот театар-Штип, каде биле сместени две единици на тогашната Брегалничка дивизија на војската на Кралска Југославија. Од првиот напад загинале околу 150 војници и офицери, а многумина биле ранети. Во вториот воздушен удар на бомбардерите, половина час подоцна по првиот била бомбардирана тврдината „Исар”, околните маала и штипската Болница. Загинале 54 граѓани, 22 биле ранети, а десетмина се воделе за исчезнати.

Денеска со полагање на букети свежо цвеќе пред рељефниот споменик на жртвите од бомбардирањето кој е поставен на ѕидот на Народниот театар во Штип, значајни општествени дејци и припадници на армијата одадоа почит на загинатите граѓани про ова бомбардирање на денешен ден во 1941 година.

Фото извор: Фејсбук

Креирано од:


Пренеси го гласот