На денешен ден 13 ноември 2020 година во претпладневните часови на 76 годишна згасна животот на хрватскиот легендарен пејач Крунослав Кичо Слабинац.
Претходно во текот на август месец бил хоспитализиран во болница каде бил подложен на операција која што иако била успешна сепак опоравувањето не се случувало соодветно, по што Кичо Слабинац денеска им подлегна на раните од оперативниот зафат.
Кичо Слабинац е познат ширум републиките низ цела поранешна Југославија. Во Македонија тој е особено познат по својот настап на штипскиот фестивал за новокомпонирана музика Макфест, каде ја испеа антологоската “Летај ми летај гулабе”.
Неговата песна “Због једне дивне црне жене” е евергрин кој што долго ќе се пее после овоземскиот живот на Кичо Слабинац.
Кичо слабинац беше активен на музичката сцена цели 40 години, претварајки се во своевиден мост помеѓу голем број на генерации кои ја сакаа неговата музика.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Луѓето се враќаат на Месечината за само 3 дена!
Бојана Скендеровски со концерт во Штип: Огнен Здравковски и Коки Јанков специјални гости
„Еј жено, храбро срце носиш“ – новата емотивна балада на Елена Велевска со моќна порака за жените