БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Најпознатото кафе во Даблин, вкус кој ќе ве воодушеви во зимските денови

Пренеси го гласот

Потребно ви е:

– 1/2 лажичка мелено морско оревче

– 1 супена лажица темен кафен шеќер

– 230 милилитри еспресо

– 45 милилитри ирско виски

– Шлаг пена

Во тенџере на потивок оган дирекно се меле морското оревче и се додава кафениот шеќер. Откако ќе се карамелизира шеќерот,се додава 2 до 3 супени лажички од кафето и се промешува.

Тенџерето се трга од оган и се додава алкохолот, кој треба да се запали (бидете внимателни со овој чекор).

Откако ќе згасне пламенот се додава преостанатото кафе и повторно се промешува. Смесата ја ставате во чаша и се декорира со малку шлаг пена.

Креирано од:


Пренеси го гласот