БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

На денешен ден прилепчанец, штипјанец и кукушанец влегоа на чело на осободителната поворка во слободно Скопје во 1944 година

Пренеси го гласот

На денешен ден, во 1944 година, борците од 42. и 50. Народнослободителна дивизија на македонската војска и 16. Македонска бригада го ослободија Скопје од фашистичка окупација.

По неколкудневните тешки борби со припадниците на 22-та Гренадиска германска дивизија, составена од 47-от и 65-от полк и делови од 11-та воздухопловна десантна дивизија, како и со германската тврдинска бригада „Ангермилер“, која беше распоредена пред Качаничката Клисура, борците со победоносен марш влегоа во градот.

“Снежно и студено предвечерје. Скопје тоне во мрак, а ситниот снег ги штипе студените образи на измрзнатите борци што очекуваат дека ќе се случи нешто големо […] Се чекаше погодниот момент за напад и ослободување на градот. Дванаесеттата македонска народна ослободителна ударна бригада беше подготвена да се соочи со непријателот. Долго се чекаше муграта за да почне операцијата „Ослободување на Скопје“ […]

Операцијата почна преку Водно, со напад на Железничката станица, Офицерскиот дом, Народната банка, а борбата се разгоре по улиците на градот. Главниот товар во битката падна на 12. и на 16. македонска народна ослободителна ударна бригада. […] Последната битка се водеше за ослободување на Учителската школа, која тогаш се наоѓаше во дворот на сегашната Општина Центар. Сега е зачувана само влезната врата. Со ослободувањето на овој објект конечно беше ослободено цело Скопје.”

>>> раскажува 81-годишниот Васко Попоски во интервју за веќе непостоечкиот весник Дневник

bregalnickimarketing

Креирано од:


Пренеси го гласот