БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Фанови на “Lord of the rings” од Италија тргнале на патување до вулканот Везув да го уништат прстенот на моќта

Пренеси го гласот

На 27 август во 2021 година група од девет фанови на Господарот на прстените “Lord of the rings” преправени како хероите од популарната фантазиска приказна на англискиот писател J.R.R. Tolkien ја напуштија провинцијата Чиети во Италија на патување кон планината Везув. Овие деветмина херои од вистинскиот живот тргнале на ова патување за да го реплицираат патувањето на “Дружината на прстенот” во првиот дел од трилогијата пренесена на филм од страна на Питер Џексон, за да го уништат прстенот на моќта додека целата своја авантура ја пренесуваа преку социјалните мрежи.

Патувањето било организирано и предводено од 37 годишниот Николас Џентил, кој што ги одбрал останатите оссумина реални актери за да ги играат соодветните карактери на хероите од филмот/книгата.

Поголемиот дел од планираната маршрута овие момци ја поминале пешки, пешачејки од 25 до 30 километри на ден. На 2 септемри нашите херои пристигнале на кратерот на вулканот Везув каде организаторот на патувањето преправен како Сем имал свој говор во врска со овој подвиг.

“Ниту еден од нас ќе се врати дома непроменет и се надеваме дека ви пренесовме барем малку од магијата која што ја доживеавме. Затоа што магијата постои”

-напишал организаторот Николас на социјалните мрежи по завршувањето на оваа нивна авантура.

Пред патувањето Никола Џентил планирал да изгради поголема куќа за Хобити која што е со површина од 400 метри квадратни. Но притоа објаснил дека не сака оваа куќа да биде само туристичка атракција како оние во Нов Зеланд, каде што е невозможно да се живее. Тој планира неговата куќа да биде место каде што ќе понуди на цели семејства можност да се искуси алтернативниот начин на живот. Проектот изискува многу ресурси за негова реализација па затоа Николас се одлучил да го организира ова патување во духот на Господарот на прстените за да привлече внимание од можни инвеститори за неговиот план.

Друга идеја која што ја има Никола е да организира роденденска забава за Билбо Багинс (лик од Господарот на прстените) на 18 септември. Според организаторот ова ќе биде уникатен настан за сите оние што сакаат да искусат како е да се биде хобит, каде што секој од присутните мора да носи соодветен костим.

Креирано од:


Пренеси го гласот