“
Има нешто посебно, во духот на припадниците на специјалните единици. Тоа е храброста, пожртвуваност, надежта за подобро утре и силната љубов кон татковината.
Денес, Единицата за брзо распоредување одбележува 22 години од своето формирање. Повеќе од 2 децении во првите редови за зачувување на мирот, уставниот поредок и безбедноста на Македонија.
Посакувам следната година, овој важен датум за Министерството за внатрешни работи, да се одбележи, достојно, како што прилега за една ваква единица. Неопходно е припадниците на ЕБР и сите вработени во полицијата да бидат ослободени од политички влијанија и притисоци, истите да бидат соодветно почитувани и наградувани за своите придонеси, а работните задачи да ги извршуваат во соодветни услови и со соодветна опрема.
Нека е честит денешниот јубилеј. Посакувам да го славиме уште долго, во мир и добро здравје!”
Извор: Фејсбук

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Напредува процесот за новиот експресен пат Кочани- Делчево согласно предвидената динамика: Презентација на техничкото решение во Делчево
Градоначалникот на Делчево Гоцевски оствари средба со активисти на невладината организација “Жена” од Делчево
Тошковски на промоцијата на Националната стратегија: Значително намален бројот на жртви во сообраќајот, Македонија во конкуренција за светско признание за сообраќајна безбедност на светскиот полициски самит во Дубаи