Власта на СДСМ брза да ги имплементира одредбите на Преспанскиот договор со СЕВЕРЏАНИЗАЦИЈА на сите нивоа и покрај тоа што тоа не е обврска во Преспанскиот договор.
На тој начин успеваат да ги “надразнат” сите (а тие се мнозинство) противници на Преспанскиот договор и промената на името, за да кренат раце од државата и да се дистанцираат од политиката, додека поединци во СДСМ и ДУИ профитираат на грбот на граѓаните.
На наредните Парламентарни избори нема да може да се гласа без валидни лични карти и затоа Оливер Спасовски јавно кажува дека немало да се казнуваат граѓаните кои што нема да ги променат своите лични карти….
Мнозинството граѓани кои што се ЕЖАТ на помислата за севеџанизација кои што не остануваат рамнодушни од идентификација со “северна” се противата на промената на личните документи. А токму тие се потребни во фронтот против оваа ненародна власт кои би работеле и гласале против СДСМ. Така што на овој начин Оливер Спасовски се обидува да влијае на исходот на изборите за да го намали катастрофалниот пораз на изборите на СДСм преку пасивизација на гласачкото тело на Македонскиот народ..
Единствен пат да и тргне на Македонија на подобро е СДСМ и ДУИ Да доживеат катастрофален пораз како опомена за сите штетни анти македонски политики кои ги спроведоа на грбот на граѓаните. Тоа може да се случи со масовно излегување и гласање за ВМРО-ДПМНЕ како единствена Македонска национална политичка сила која може да ги промени работите на подобро.
Пишува: Анастасов Кирчо
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Штетничката влада на СДСМ и ДУИ донела противуставен закон кој во критичен момент ја поништува октроираното судство за да се продлабочи кризата во предизборна година
Како СДСМ повторно сака протестите на граѓаните да ги искористи за сопствени политички цели?
За живот после смртта