БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

С’скање страшила за уништување на идентитет на Македонски народ

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Гостиварскиот градоначалник во веќе гледано сценарио од пред неколку децении изнесува тези кои што Македонскиот народ меѓу другото може да ги протолкува како закана за дестабилизација. Во филм на оправдување на својата релевантност како нечија продолжена рака за остварување на геостратешки интереси Арбен Таравари повторно најавува отварање на Пандорини кутии во Македонија (што тоа и да му значи).

Јавноста се секава на отварање на Пандорини кутии и во Арачиново, Тетовско Кале, Кумановските села и ако целта е да се заплаши Македонскиот народ, Таравари може да си ја препрочита историјата и начинот на кој што во минатото биле затварани овие Пандорини кутии.

Сеењето страв и присила помеѓу Македонскиот народ никогаш низ историјата не вродило со резултати за бришење на Македонскиот слободарски дух, па оттука слаба е веројатноста дека ваквите смешно-морбидни изјави на гостиварскиот градоначалник ќе го постигнат соодветниот ефект кој што го посакуваат неговите газди.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Додека на власт во државата ја имаме најненародната влада од современата историја на Македонија и граѓаните се ставени во кош со змии, стаорци, хиени и црви, ширењето на заплашување меѓу граѓаните некој во Стејт Департментот во САД смета дека е легитимно сретство за постигање на посакуваните интереси, но сосема погрешно и спротивно од начинот на кој што треба да се практикува демократија во една современа држава.

Македонија моментално е далеку од демократија и владеење на право, а затоа се виновни странските намесници во Скопје предводени од САД, Франција, веројатно и Германија, Италија како и нивните протежеа инсталирани во владата на државата…

Народот тоа го гледа и многу јасно е свесен за ваквите состојби, на кои што историјата покажала дека Македонската вистина излегувала секогаш на виделина.

Пишува; Kircho Anastasov

Креирано од:


Пренеси го гласот