БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

На емотивен начин Мел Гибсон го најави петтото продолжение на култниот филм “Смртоносно оружје”

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Во свое неодамнешно гостување на телевизиско интервју режисерот и актер Мел Гибсон на воодушевување на сите негови фанови го најави снимањето на петото продолжение на култниот филм “Смртоносно Оружје” кој што е еден од највлијателните филмови во Холивуд од овој жанр.

Мел Гибсон потврди дека заедно со неговиот полициски ортак Дени Гловер кој што е на 75 годишна возраст веќе го подготвуваат петото продолжение на сагата на двајцата полицајци кои што се неприкосновени бирци за правда на најразлични неконвенционални начини пред се дефинирани со храброст и високо ниво на меѓусебна почит поддршка и разбирање базирани на етика и морал.

За гостување на продолжението на Смртоносно Оружје Мел го спомена и легендарниот актер Џо Пеши за кого рече дека ќе мора да применат тешки методи за да го натераат да учествува во филмот.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Мел зборуваше особено емотивно и за заветот кој што го има добиено од страна на режисерот на серијалот Ричард Донер кој почина во 2021 година, за да го направат и петото продолжение на филмот кој што Ричард го започнал во пред продукциска фаза, но смртта на 91 година го спречи во неговите намери.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace