Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ во Македонскиот парламент Зоран Коцевски преку социјалните мрежи упати аларм до јавноста во врска со упад на инспектори на МВР во средното училиште “Гошо Викантиев” во Кочани. Исто така пратеникот Коцевски во јавноста преку серија прашања меѓу другото и за физички напад врз жена вработена во училиштето од страна на внук на началникот, бара јавни одговори од страна на повиканите лица.
Во продолжение во целост ја пренесуваме реакцијата на пратеникот Зоран Коцевски упатена во јавноста преку социјалните мрежи:
“Ех началниче, началниче, Кочански началниче, ова твојот, вашиот демант на пресот на ОК Кочани на ВМРО-ДПМНЕ е не знаеш дали да се смееш или дали да плачеш!
Еве вака началниче, инспекторе, инспекторке и командире, чисто да си знаете, јас Зоран Коцевски пратеник во Собранието на Република Македонија, лично ќе поднесам преставка до Обвинителството за гонење на организиран криминал, па Вие дами и господа таму објаснувајте што значи чл.49, па објаснувајте дали вашите инспектори на 18.10.2022 година при упад во средното училиште ,,Гошо Викентиев” се легитимирале, покажале налог или пак внуката на началникот која е вработена таму им ја копирала документацијата без присуство на директорот за кој сте знаеле дека е отсутен и тоа без записник заведен во книгата за евиденција на активностите на полицијата тој ден итн, итн, едноставно ќе има што да се објаснуваш, објаснувате пред Обвинителството.
Можеби таму ќе кажеш, зошто твојот зет, сопруг на внуката, вчера физички нападнал жена, еј ЖЕНА која е вработена во истото училиште?
Можеби ќе кажеш, кажете зошто нема кривична пријава за твојот командир на сообраќајната полиција за безправно одземање градежна машина, ваљак кој се уште се наоѓа во кругот на полициската станица?
Можеби ќе кажеш, кажете како тоа се наместени чесните полицајци со кривични пријави и како тоа ги разместувате неподобните за вас?
Можеби ќе кажеш, кажете како тоа се пратени едни распореди за работа во Скопје за плата, а во СВР Штип други саати?
Можеби ќе има да објаснуваш и за многу други работи, кој знае?
А кога сум кај чесните полицајци, еве јавно да кажам дека како пратеник во Собранието, на 4.11.2022 година во 12 часот, ќе бидам пред полициската станица Кочани за да им дадам поддршка, а воедно ги повикувам истото да го направат сите слободоумни граѓани на Кочани!!!
п.с До еден заканувач, малку повнимателно со заканите!”
-стои во реакцијата на пратникот Зоран Коцевски.
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Двајца вработени во Центар за јавно здравје- Виница добија кривична пријава
Жител на Пробиштип доби кривична за насилство и напад на службено лице
Двајца против двајца: Кочанчани се пресметувале физички во двор на семејна куќа во Кочани