БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

На класична маалска седенка со таборетки Заев ги убедуваше кочанчани да излезат да гласаат на референдумот

Пренеси го гласот

Денеска попладне со почеток во 18.00 часот во Кочани се одржа трибина на кампањата “Излези за европска Македонија” на која Зоран Заев агитираше помеѓу присутните граѓани на Кочани и партиски активисти на СДСМ дојдени од Делчево и Виница, за излегување и гласање на референдумот.

Со веќе добро познатите излитени фрази во негов стил Заев ги изнесе неговите тези зошто граѓаните според него би требало да излезат и да гласаат за референдумот.

Присутноста на оваа трибина која беше во лежерен стил со таборетки и столови поставени на платото пред НУЦК “Бели Мугри” во центарот на Кочани кај најфрекфентното место од градот беше разочарувачки во многу мал број од околу 180-200 луѓе имајќи го во предвид фактот што само градот Кочани има над 25 илјади жители.

Дополнително не иде во прилог на почеток на оваа кампања на Заев и фактот што најголем дел од присутните на оваа трибина според очевидци биле членови на работните тела на партијата, како и многумина од нововработените поединци во институциите под контрола на Заев, а присуството на партиски неопределени граѓани било минимално речиси и да го немало.

Дополнително карактеристично за самиот настан е што во неговиот содржински дел на обраќањето на Заев и дискусијата со неколкуте граѓани не беа опфатени болните прашања на бришењето на Македонскиот идентитет преку промената на Името на Република Македонија, Националноста Македонец, меѓународните кодови, историската доктрина на Македонскиот народ, имињата на сите државни и јавни институции а за таа цел никој па ни самиот Заев не гарантира дека сигурно ќе влеземе во НАТО и ЕУ.

Извор фото: Фејсбук

Креирано од:


Пренеси го гласот