Во текот на изминатиот викенд 10 и 11 декември, во салата за состаноци на Општина Кочани беа спроведени Отворени денови за средби со граѓаните, на кои присутните имаа можност да предложат идеи и проекти за оформување на Буџетот за 2023 година.
Во Отворени денови се приклучија голем број граѓани и беа забележани голем број на предлози. Во саботата присуствуваше и пратеникот Зоран Коцевски, додека во неделата пратеничката Благица Ласовска, коишто имаа можност дирекно да ги слушнат споделените идеи на граѓаните.
Отворени денови за средби со граѓаните беа спроведени и за време на минатиот викенд, 3 и 4 декември.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Иван Гоцевски: Некој од неговите сериозно го “лизнал” Филипче во Делчево
Двајца виничани физички нападнале фудбалер на ОФК “Карбинци” во соблекувална на градскиот стадион во Виница
Група беровчани физички се пресметувале во двор од семејна куќа при што двајца се обиделе да употребат остри предмети