СДСМ како одговорна партија, во изминатите две години спроведе низа мерки и политики кои обезбедуваат зголемување на животниот стандард, намалени трошоци и намалување на стапката на сиромаштија.
Минималната плата се зголемува на 14.500 денари, што е за 2.000 денари повеќе од сегашниот минимум, односно дури за 5.500 денари повеќе од минимумот во текстилната, кожарската и чевларската индустрија во 2016 година.
Воведовме социјална реформа која го подобрува животот на околу 300.00 граѓани. Социјалната помош се зголеми и до 300 отсто. За три пати е зголемен опфатот на деца кои добиваат детски и образовен додаток. Тоа е многу важно за извлекување од детска сиромаштија.
За оние граѓани кои не ги исполнуваат условите за добивање пензија, воведовме социјална државна пензија, а наскоро се очекува значително зголемување на сите пензии.Трајно го решивме проблемот со стечајните работници. Со последните измени на Законот за стечајци, за 12.000 наши сограѓани е обезбеден месечен надоместок од над 8.000 денари кој ќе го добиваат до нивно пензионирање.
Паралелно со ова, ги намалуваме и трошоците во домаќинствата што е во насока на полиитките за извлекување од сиромаштија.Ја укинавме радиодифузната такса, воведовме евтина дневна тарифа на струјата, намалени се сметките за парно, а во неколку општини, намалена е и цената на водата за пиење.
СДСМ како партија продолжува со мерките и политиките што обезбедуваат повеќе пари и повисок животен стандард за сите граѓани.
-интегрален текст од службата за информирање на јавноста од СДСМ.
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
ЈАВЕН ПОВИК за ангажирање волонтери во Министерство за дигитална трансформација
Зголемени температури во следните неколку дена – да се почитуваат општите препораки за заштита на здравјето
Тошковски: МВР формира нова Единица за сајбер безбедност која ќе биде клучен столб за дигиталниот суверенитет на институцијата