БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Надри-новинарот и мегафон на СДСМ Сашо Ордановски даде скандалозни квалификации за американскиот претседател Трамп

Пренеси го гласот

Очигледно слободата на говор не треба да се поистоветува со слобода за тресење глупости и слободата за губење контакт со реалноста како на меѓународна сцена, така и во домашните Македонски состојби.

Кога во земја како што е Македонија ќе се најде поединец како што е Сашо Ордановски да ја критикува работата на американскиот претседател Доналд Трамп без никакви аргументи туку само со најбрутални квалификации кои немаат реална манифестација во реалност, знаеме дека работите во редот на центар-левицата во државата се повеќе од алармантни. Разумот на причини и последици кај СДСМ пресликан преку неговите медиумски мегафони е отиден во неповрат а поради таквиот фокус на делување на опозициската СДСМ се огледува калта во која се препелка оваа партија веќе подолго време. На националната телевизија Канал 5 во најгледаниот термин на програмата во емисијата “Само Интервју” Сашо Ордановски на кој не му е вишок официјално образование, со најпогрдни конструкции се обиде да го критикува Доналд Трамп кој на убедлив начин издоминира на изборите за претседател на САД минатата есен, наспроти малодушноста и јаловоста на демократскиот блок чии што левичарски политики граѓаните на САД ги осудија на најсилен начин.

Секнувањето на финансиите од страна на администрацијата на Доналд Трамп што луѓе како Сашо Ордановски ги “цицаа” долги години очигледно го погоди во нерв либерално-левичарскиот апарат и во Македонија па сега “удри-мавај и со дрва и со камења” ќе гледаме на домашната мегафонска сцена пласирани со “ред мрсули- ред солзи” од истите тие “кучиња без стопан”.

За Сашо Ордановски “Путин за Трамп е како гуру”! За медиумскиот и пропагандниот идеолог на СДСМ “Путин го има намачкано Трамп како путер на леб” и
“Трамп е веќе комплетно на страната на Путин”.

Само во овие неколку квалификации на Сашо Ордановски се гледа поодминатата перцепција на реалноста на човекот кој за да издоминира во социјал-демократските кругови се одлучил на вакви тези да ги пласира во Прајм Тајм на национална телевизија.

Сашо Ордановски вели дека Трамп, Елон Маск и останатите припадници на администрацијата на Трамп се “неонацисти” а воедно го става и под знак прашање образованието на Доналд Трамп како и познавањето од општата светска историја.

Но опасноста од вакви обиди за оцрнување на изборот на граѓаните на САД со само на него својствени квалификации и не е толку голема сама за себе. Опасноста на ваквото “алапачење” на национална телевизија е што Сашо Ордановски предничи како медиумски мегафон и иеолог на СДСМ. Во недостиг на реални политики, хаос во внатрешната структура на СДСМ каде на состанок не можат да се соберат неколку симпатизери и членови во било кој град низ државата, единствено “рало за орање” се типови како Сашо Ордановски со нивниот рекла-кажала муабет, кажан без никаква одговорност на неционална телевизија.

Ваквиот однос на охрабрување на типови како Сашо Ордановски на македонската медиумска сцена може сериозно да ги разниша односите на Македонија со нашиот стратешки партнер САД, за што Потпретседателот на САД JD Vence неодамна во една прилика кажа дека не е паметно да се конфронитира било кој со претседателот на САД како најмоќна институција во светот.

За да ја илустрираме психолошката состојба на неговиот ум во моментот по секнувањето на поддршката од САД на левичарско-либералниот апарат во Македонија во продолжение ќе споделиме уште неколку “брилијантни” мисли на Сашо Ордановски:

“Трамп е тотална тапа.”
“Трамп е исклучително нарцисоиден.”
“Трамп мисли дека тоа е шоу програма во која тој тресе глупости, лаже и дека тоа нема последици.”
“Трамп е на страната на злото.”

“Релативно лошо образован човек со мали културолошки познавања од светот и од историјата”

“Да не е жена му Словенка, он и не знае кај е Балканот.Ова е кус и нецелосен попис на оценките на Сашо Ордановски за претседателот на САД”

Ваквите квалификации немаат ама баш никаква основа во сериозното новинарство како и на полето на издржана аналитика, што го поставува прашањето што им се сервира на Македонските граѓани преку сретствата за информирање во ударен термин.

Секако за ваквите скандалозни тези на Сашо Ордановски искажани јавно, интересен би бил ставот на амбасадата на САД во Македонија да се соопшти во јавност, за тоа што мислат американската амбасадорка Агелар и луѓето во амбасадата за ваквите квалификации за нивниот претседател.

Креирано од:


Пренеси го гласот