На традиционалното читање „Ноќи без интерпункција“ за најдобра песна прочитана од македонски автор наградата ЕНХАЛОН ја доби поетот од Струмица, Митко Гогов, за песната насловена „Само малку молитва“.
Наградата „Енхалон“ се врачува за најдобра песна од млад автор од Република Македонија прочитана на фестивалот. Годинава на Струшките вечери на поезијата учествуваа 30 поети од разни земји ширум светот, како и 50 поети од Македонија.

Лауреат на фестивалот и добитник на наградата „Златен венец“ годинава е Адам Загајевски од Полска, Паули Тапио од Финска ја понесе наградата „Мостови на Струга“, а добитник на наградата „Браќа Миладиновци“ е Зоран Анчевски.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
dm и „Матрона“ со нова бесплатна онлајн обука на тема „Ран моторен развој кај децата: практични совети од ортопед“
Чешиново-Облешево доби нов, модерен простор за рекреација на најмладите
Македонскиот Премиер упати пораки за улогата на новите инвестиции за потребите на Македонска пошта