БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Наместо намалени износи на сметки за вода, како што ветувал градоначалникот штипјани добија повисоки износи за плаќање, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ

Пренеси го гласот

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ОК Штип, Иван Јорданов на фејсбук го обвинува актуелниот градоначалник за лаги и манипулации на граѓаните на Општина Штип во врска со износите на сметките за вода и други комунални услуги кои ги плаќаат штипјани.

Ова е неговото обраќање до јавноста на фејсбук:

На лагите и манипулациите на градоначалникот и оваа локална власт им нема крај. Еве што претставува популистичката најава за „намалување“ на цената на водата. Цената на водата се „намалува“ за 5% или заклучно со минатата година на 10%. Како е можно сметката што ја плаќаат граѓаните да е повисока со намалена цена на вода? 
Во приложените сметки се гледа дека цената на водата е „намалена“, но во исто време неколкукратно е зголемена цената со која се наплаќа услугата за смет и јавна чистота, а со тоа и повисока сметка за граѓаните. Да заклучам, за иста количина потрошена вода, сметката која ја плаќаат граѓаните пред популистичкото намалување на цената на водата, изнесувала 1.404 денари, а денес за иста количина потрошена вода изнесува 1.868 денари.
Почитуван градоначалник, 
манипулациите и популистичките најави за намалување на цената на водата или враќање на парите кај граѓаните, нема да го закријат вашето неработење и незнаење.

Креирано од:


Пренеси го гласот